ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Од:

Скандалите кои ја опкружуваат Клиничката болница во Тетово секојдневно ја шокираат јавноста. Последните вести, кои откриваат дека директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, е јасен доказ за невидена морална деградација. Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги, велат од ДУИ.

„Скандалите кои ја опкружуваат Клиничката болница во Тетово секојдневно ја шокираат јавноста. Последните вести, кои откриваат дека директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, е јасен доказ за невидена морална деградација. Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги?

Може ли некој да замисли поголема неодговорност и потполно игнорирање на животот на луѓето? Дали ова е стандардот што министерот за „бизнис“ во здравството го постави за јавните здравствени услуги? Наместо да обезбедат основни лекови и услови за лекување, овие лица одбрале да ја злоупотребуваат болката и страдањето на пациентите за да ги наполнат своите и џебовите на своите блиски.

ДУИ најостро го осудува ова неприфатливо и криминално однесување. Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови поврзани со неспособни и корумпирани раководители. Оваа ситуација е последица на една неспособна влада и едно раководство кое ги става личните интереси над животите и здравјето на граѓаните.

Апелираме до правосудните органи и сите релевантни фактори да интервенираат веднаш за да се стави крај на оваа морална и институционална катастрофа. Одговорните за оваа деградација мора да сносат законска и морална одговорност за ненадоместливата штета што им ја нанесуваат на пациентите и граѓаните на оваа земја.

Граѓаните на Тетово и целата земја заслужуваат здравствен систем кој ќе им служи со достоинство и професионалност, а не систем кој е извор на збогатување за неколку неодговорни поединци. ДУИ останува посветена на заштита на интересите на граѓаните и обезбедување иднина во која здравјето нема да биде привилегија, туку загарантирано право за сите.

Може ли некој да замисли поголема неодговорност и потполно игнорирање на животот на луѓето? Дали ова е стандардот што министерот за „бизнис“ во здравството го постави за јавните здравствени услуги? Наместо да обезбедат основни лекови и услови за лекување, овие лица одбрале да ја злоупотребуваат болката и страдањето на пациентите за да ги наполнат своите и џебовите на своите блиски.

ДУИ најостро го осудува ова неприфатливо и криминално однесување. Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови поврзани со неспособни и корумпирани раководители. Оваа ситуација е последица на една неспособна влада и едно раководство кое ги става личните интереси над животите и здравјето на граѓаните. Апелираме до правосудните органи и сите релевантни фактори да интервенираат веднаш за да се стави крај на оваа морална и институционална катастрофа. Одговорните за оваа деградација мора да сносат законска и морална одговорност за ненадоместливата штета што им ја нанесуваат на пациентите и граѓаните на оваа земја. Граѓаните на Тетово и целата земја заслужуваат здравствен систем кој ќе им служи со достоинство и професионалност, а не систем кој е извор на збогатување за неколку неодговорни поединци. ДУИ останува посветена на заштита на интересите на граѓаните и обезбедување иднина во која здравјето нема да биде привилегија, туку загарантирано право за сите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски