ДУИ: Вредностите на Договорот од Преспа ќе се видат кога ќе ги собереме неговите плодови

Од:

Демократската Унија за Интеграција после Охрид, активностите во рамките на кампањата за референдумот ги продолжи во Струга каде се упати повик на 30 септември масовно да се излезе на референдум и да се гласа ЗА Македонија во НАТО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека вредностите на Договорот од Преспа ќе се видат кога ќе ги собереме неговите плодови а тоа се мирот, стабилноста, безбедноста и иднината.

„Затоа сите треба да ја превземеме улогата на големите мисионери и идеалисти и да излеземе да пропагандираме, да побараме поддршка од сите кои што се двоумат или имаат некаква дилема дека на 30 септември ќе се гласа за многу посигурна иднина и дека 30 септември е неповторлив. План Б нема. Ако некој бара алтернатива на Исток, тоа ќе биде невозможно бидејќи ќе наиде на препреки од огромното мнозинство на граѓаните на Македонија. Ние сме определени, да не зборуваме како Албанци бидејќи заедно сме работеле под мотото на Националната преродба „Сонцето за Албанците изгрева на запад”. Ова е мотото за Албанците, но нека користи за сите граѓани бидејќи на запад се раѓа иднината. На 30 септември се одлучува за идните генерации”, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

На присутните им се обрати и шефот на Централниот штаб на ДУИ, Атила Реџепи, како и градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко.

Активностите за информирање на граѓаните во врска со референдумот што ќе се одржи на 30 септември ќе продолжат и за време на денешниот ден кога Централниот штаб за референдумот на ДУИ ќе одржи собир со граѓаните во Кичево.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански