ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини за финансиски злоупотреби во Клиниката за детски болести во 2022 година, барајќи одговорност за исчезнување на над 200.000 евра.
Иронично, тогашниот директор, кој е дел од блискиот круг на Изет Меџити, актуелен коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, повторно е именуван на истата позиција заедно со неговиот братучед, велат од ДУИ.

„Оваа ситуација јасно покажува дека одредени поединци, поврзани со Меџити, продолжиле со своите сомнителни практики и по напуштањето на ДУИ и приклучувањето кон актуелната влада. Тоа е и една од причините зошто Меџити не го помина партискиот ветинг за член на Влада. Затоа, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за корупција во претходната влада всушност претставуваат тивко признавање на корупцијата кај нивните сегашни партнери. Го поддржуваме повикот за целосна и транспарентна и неслективна истрага за овие злоупотреби и бараме одговорност од виновниците, без разлика на нивните политички или семејни врски“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните