ДУИ: ВМРО ДПМНЕ е судски потврдено криминално здружение

Од:

Секојдневната кампања на ВМРО ДПМНЕ против ДУИ, Претседателот Али Ахмети, како и други членови на ДУИ, преку константно креирање на лажни вести е обид да ги затскрие вистинските антиевропски и антиалбански мотиви на водството на ВМРО ДПМНЕ велато до партијата на Али Ахмети.

– Градоначалникот на Бутел бара да се избришат имиња на улици само затоа што се имиња на Албански дејци, Мицкоски забранува издавање на дозволи за градби и легализации на Албански фирми и сопственици, забранува да се дава работа на албански компании од страна на нивните градоначалници, бара моноетничка влада и вели дека никогаш нема да го смени Уставот и дека не го интересира што велат од Брисел и од Вашингтон за европскиот пат на нашата земја. Ова ВМРО ДПМНЕ е спаднато на историски најниското ниво без ниту една вредност и затоа нема доверба членството во нивниот претседател и во партијата, туку повеќе им веруваат на претходното раководство кое им носеше само победи. ВМРО ДПМНЕ е судски потврдено криминално здружение со лично признание на пола партија пред суд. Али Ахмети побара истрага за сите во ДУИ и најави дека никој не е заштитен, но не и лов на вештерки најавуван од страна на ВМРО кој што ги потсетува граѓаните како имаат намера да владеат, а тоа е да бидат и истражител, и обвинител , и судија, и затвор, и медиум, и невладин претставник, се во едно, заробена држава, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски