ДУИ: Ургентната потреба за подигнување на независноста на судството и обвинителството

Од:

ДУИ се огласи со соопштение по повод обвинението за обид за рушење на државниот поредок и шпионажа од страна на четири лица вклучително и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Во соопштението стои:

„Демократската Унија за Интеграција во континуитет ја има потенцирано ургентната потреба за подигнување на интегритетот и независноста на судството и обвинителството како и транспарентното и објективно спроведување на судските процеси, особено на оние со меѓуетнички, меѓуверски и политички карактер.

Државните институции вклучувајќи го судството и обвинителството, треба да пристапат кон овој случај со полна транспарентнoст и интегритет и почитување на презумпцијата на невиност на обвинетите.

Исто така сметаме дека овие стандарди треба да се применуваат и во секојдневната работа на државните институции,особено на тие кои ги засегаат меѓуетничките односи.

Во оваа исклучително важна година за нашата земја, ДУИ ги повикува сите политички партии и другите општествени чинители, да демонстрираат целосна одговорност кон демократијата, меѓуетничките односи и интегративните процеси, а имајќи ја впредвид и ранливоста на демократските процеси во земјата, сметаме дека и меѓународната заедница треба да се вклучи со должно внимание за градење на одржливи демократски стандарди во земјата.“

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата