ДУИ стартуваше со реформи и ветинг во своите редови

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска најави отпочнување на сеопфатен процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата. Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи нов стандард за политичките партии во регионот, велат од партијата.

„Како дел од реформската стратегија, ДУИ спроведува конкретни механизми насочени кон зајакнување на транспарентноста и одговорноста во своите редови. Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

ДУИ покрај пратениците, решително продолжува со проширување овој процес на ветинг таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството на ДУИ и раководството на локалните партиски ограноци. Со стратешкиот акциски план ДУИ има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси.

Како предводник на овие реформи, ДУИ поставува преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти.

ДУИ е посветена на градење исклучителен институционален и личен интегритет“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ. „Нашиот пристап е сеопфатен и добро планиран, со фокус на поединци со силен интегритет кои ќе ја бранат антикорупциската агенда и ќе го движат процесот на ветинг. Преку стратешките акции и непоколеблива посветеност, ДУИ останува посветена и решителна да предводи реформи преку својот личен пример, со крајна цел да изврши значајни промени во партијата, како и во националната рамка на владеење“, нагласуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

А1он

ДУИ: Албанскиот јазик не е политичка привилегија, тој е уставна категорија

ДУИ: Следните избори се референдум против изолирана, поделена и корумпирана Македонија

Горан Наумовски

ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

А1он

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

На следните парламентарни избори ДУИ ќе предложи отворени листи

Катерина Ѓуровски