ДУИ: Со месеци нема плата за вработените во Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците

Од:

Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик. Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено осигурување, без елементарна безбедност за себе и за своите семејства. Ова не е само социјална неправда – ова е намерна стратегија за уништување на институцијата, со цел да се натераат обучените и лиценцирани инспектори да ја напуштат својата работа, а со тоа да се парализира системот на контрола, велат од ДУИ.

„Оваа акција е само една етапа од поширок, координиран напад врз статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија. Најпрво беше одземена независноста на Инспекторатот, ставајќи го под надлежност на Министерството за правда, со што институцијата беше ставена во политичка зависност. Потоа следеше системско игнорирање на законот од страна на институциите. Министерствата, јавните претпријатија и нивните веб-страници се исчистени од содржини на албански јазик. А сега, се удира и по самата институција која е формирана да го штити законот.

Истовремено, Уставниот суд го разгледува Законот за јазиците под притисок, со можност да се поништат неговите клучни одредби. Ова не е случајна негрижа. Ова е смислена операција за демонтажа на целиот систем изграден околу службената употреба на албанскиот јазик. Ова е момент што не трпи молк. Секој што молчи денес, ќе биде соучесник утре. Нашиот повик е до сите – без разлика на етничка припадност, политичка ориентација или позиција во општеството. Претставници на граѓанскиот сектор, граѓани, интелектуалци, медиуми, меѓународни партнери – сега е времето да се крене гласот. Албанскиот јазик не е симболика. Тој е уставно право, еднаквост, мир и достоинство, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

ДУИ: 25 години од Охридскиот договор – јубилеј што нè обврзува да ја браниме еднаквоста

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски