ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Од:

Демократската унија за интеграција остро реагира на денешните скандалозни изјави на Арбен Таравари за наводни истражни процеси креирани, режирани и оркестрирани од Владата против политичките противници.

Вакви изјави со прогонителски политички конструкции во минатото даваа и други членови на Владата без етнички легитимитет, со што ја презедоа улогата на сценарист, истражител, обвинител и судија.

Овие закани со конструкции и политички прогон, како и притисоци врз истрагата и обвинителството никого не плашат, туку ја покажуваат скандалозната и неприфатлива тенденција на практикување на заробена држава од власта.

ДУИ поддржува неселективното владеење на правото и бара меѓународно следена проверка на сите носители на политички функции.

Сите нелегитимни албански експоненти во Владата континуирано се прозивани за големи коруптивни афери од страна на ВМРО ДПМНЕ и нивниот кредибилитет е нула во однос на доброто владеење, напротив мора да сносат одговорност за нивните злоупотреби.

Сите овие изјави ги читаат Брисел и Вашингтон затоа што не оддалечуваат од владеењето на правото и европските вредности и ги враќаат застарените времиња на конструкции со политички лов на вештерки.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски