ДУИ: Скандалозна е споредбата на ЕУ и Фон дер Лaен со нацистите од страна на ВМРО

Од:

Демократската унија за интеграција го осудува навредливиот речник на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска, која во својот скандалозен говор во Собранието ја спореди Европската Унија со нацистичкиот режим, по посетата која ја реализираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен во нашата земја.

Употребата на една таква апсурдна реторика, инспирирана од деструктивната антизападна и проруска идеологија, велат од ДУИ, е неприфатлива и за неа нема место во нашето демократско општество.

Апелираат до сите пратеници за зрелост, разумност, почитување на етичкиот кодекс на говор во домот на демократијата и пред сè за почит кон поддршката што земјите на Европската Унија секогаш ја давале за демократскиот развој на нашата земја.

Бараат пратеничката Лозановска јавно да се извини, а ВМРО ДПМНЕ да се огради од говорот на пратеничката барајќи одговорност за зборовите коишто денес таа ги употребила.

„Демократската унија за интеграција повикува на рационалност и зрелост од сите партии во процесот на одлучување, сега кога е евидентно дека францускиот предлог не го нарушува јазичниот, културниот и историскиот идентитет на македонските граѓани“, потенцираат од оваа партија.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис