ДУИ против измените на Законот за патни исправи

Од:

Измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, во прво читање, денеска беше даден на натамошно читање од матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. ДУИ побара законот да биде повлечен и исто како и за измените на законите за лична карта и за престојувалиште гласаше против.

Со измените и дополнувањата на Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија се предвидува, меѓу другото, исто како и во измените на Законот за личните податоци, пасошите да се издаваат надвор од службените простории на МВР. Министерот за внатрешни работи треба да донесе решение за цената на услугата за поднесување на барање за издавање, изработка и подигање на пасош надвор од просториите на МВР. При практичната примена на законот се утврдила потреба за овозможување на граѓаните барањето да го поднесат во надлежната единица на МВР, според местото на престојување на граѓаните.

Измените исто така предвидуваат обврска за имателот на пасошот во рок од 30 дена да го предаде во МВР при промена на податоците кои се однесуваат на името и презимето, денот, месецот и годината на раѓање, полот и единствениот матичен број. Пасошот во тој рок треба да се предаде во МВР заради негово поништување. Доколку граѓанинот не ја исполни предвидената законска обврска предвиден е прекршок, за кој се изрекува глоба од 100 до 500 евра во денарска противвредност. Казни ќе има и за оние за оние кои по два пати или повеќе ќе ги губат патните исправи.

Рафиз Алити од ДУИ побара измените да бидат повлечени. – Имаме големи концептуални разлики. Овој закон ги содржи истите членови како и законите за лична карта и за престојувалиште. Нема потреба во овој момент од ваков предлог-закон кој созадава предуслов за злоупотреба. Не придонесуваме граѓаните да ја вратат довербата во институциите, изјави Алити.

Би можело да ве интересира

Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски