ДУИ: Продолжуваме да спроведуваме политики за подобрување на квалитетот на образованието во земјата

Од:

Демократската унија за интеграција од своето формирање како политички субјект, континуиран програмски приоритет го има подигнувањето на нивото на квалитетот на образованието, континуираното унапредување на положбата на образовните работници и подобрувањето на инфраструктурните услови за квалитетно одржување на образовниот процес.

„Со силно ангажирање за реализација на овие определби, денес со факти можеме да го констатираме напредокот забележан во најважната општествена сфера, онаа на образованието.

На почетокот на оваа нова учебна 2022/2023 година, околу 32.500 вработени во основните и средните училишта низ земјава, од кои 25.000 наставници ќе ја добијат септемвриската плата за 15 % повисока. За разлика од 2017 година, платите во овој сектор се зголемени за вкупно 36%“, велат од ДУИ.

„Демократската унија за интеграција како дел од Владата, раководејќи со Министерството за образование и наука, континуирано реализира проекти за подобрување на училишната инфраструктура низ државата, при што во последните 5 години се инвестираше во околу 80 основни и средни училишта.

Го исполнивме ветувањето за изградба на ОУ “Михал Грамено“ во село Блаце, со што го решивме проблемот на жителите од овој крај, чии деца оваа учебна година ја започнаа во просториите на училиштето во нивниот роден крај. Истотака, интензивно работиме на изградбата на основното училиште во населба Визбегово во Скопје, го пуштивме во употреба ОУ „Наим Фрашери“ во Мала Речица и наскоро ќе започнеме со изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово.

Го зголемивме бројот на образовни асистенти во служба на учениците со атипичен развој од 500 на 720, како и ја зголемивме вредноста на стипендиите од 2.700 денари на 3.500 денари за потребите на 3.100 ученици.

Остануваме ангажирани во насока и на вклучување на унифицираниот буквар на албански јазик во нашиот образовен систем.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи со принципелното спроведување на прогресивните политики за континуирано унапредување на квалитетот на образованието во земјата“, се додава во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

Адеми: Европскиот фронт очекува над 20 пратеници

ДУИ: За победникот одлучуваат граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ