ДУИ: Правичната застапеност е уставно загарантирано право

Од:

Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата длабока загриженост за систематската реализација на заедничкиот план на двете македонски партии, посредуван од олигархијата, кој има за цел маргинализација на Албанците од сите политички, општествени и економски процеси во државата, велат од ДУИ.

„Последниот случај во Филхармонијата на Северна Македонија, каде што во последните шест месеци од 18 нововработени само еден е Албанец, и покрај тоа што институцијата ја води Албанец, е јасен доказ дека овој план се реализира со софистицирани методи на дискриминација, дури и таму каде што симболично се поставуваат Албанци на раководни позиции.

Оваа антиалбанска стратегија се спроведува на повеќе нивоа:
• преку игнорирање на политичкиот легитимитет на Албанците,
• преку непочитување на принципот на Бадентер,
• преку укинување на балансерот,
• и преку целосно прекршување на правичната и соодветна застапеност во државните и јавните институции.

Албанците не се исклучуваат само од институциите што ги водат други, туку сега и од тие што ги раководат самите Албанци! Овој модел е понижувачки, неуставен и опасен за мултиетничкиот карактер на државата. ДУИ потсетува дека правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право, кое не смее да зависи од волјата на поединци или од шеми на интересни групи. Албанците нема да молчат и нема да се откажат пред овој јасен план за национална маргинализација, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански