ДУИ повторно ќе го кандидира Фатмир Дехари за градоначалник на Кичево

Од:

Актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, повторно ќе биде кандидат на ДУИ за прв човек на општина Кичево на претстојните локални избори.

Одлуката е донесен вчера на состанок на кичевскиот огранок на ДУИ со лидето на партијата Али Ахмети. Кандидатурата на Дехарија е поддржана од сите 35 локални совети и другите локални партиски форуми, соопшти ДУИ.

Носител на листата на ДУИ за општинскиот совет ќе биде Аќиф Медиу, за шеф на изборниот општински штаб е назначен Адем Карага, за за портпарол на кампањата Фатмир Лимани.

Оценувајќи ја досегашната работа на кичевската локална власт, од состанокот е упатен апел до сите субјекти и други заедници во Кичево, заедно со кичевската дијаспора, да ја поддржат кандидатурата на Дехари, соопштуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата