ДУИ повикува на масовна излезност на граѓаните на изборите

Од:

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи денеска на прес-конференција изјави дека партијата повикува на помасовен излез на граѓаните на изборите на 11 декември затоа има директна изборна кампања, со брзо и точно информирање на граѓаните.

– Петнаесет илјади активисти на ДУИ, организирани во групи, го посетуваат секој дом и секое семејство, за да ги информираат граѓаните да бидат дел од заокружувањето на оваа мисија почната со војната во 2001 година, која треба да заврши со три цели, економска благосостојба, целосна рамноправност и завршување на интеграциските процеси, изјави Османи.

Портпаролот на ДУИ рече дека досега е направен голем напредок во насока на официјализирањето и употребата на албанскиот јазик во сите институции.

Според портпаролот на ДУИ платформата на партијата содржи пет ветувања кои не се само појдовни точки за преговорите за идната влада туку услови.

ДУИ, рече Османи, го поддржува ставот на министерот за животна средина Башким Амети за затворање на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце.

– Силно го поддржуваме Амети да продолжи со неговата политика за заштита на здравјето на граѓаните. Се разбира дека имаме разбирање и за вработените, затоа и ги покануваме компаниите и институциите да направат пакет за заштита на овие граѓани, додека компанијата да ги постави филтрите и повторно да започне со работа, рече Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата