ДУИ: Потребна е истрага каде се потрошени парите од граѓаните на Чаир

Од:

Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага. Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација, велат од ДУИ

– Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал? ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата