ДУИ побара од Иванов да ја поништи аболицијата

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска упати писмо до претседателот Ѓорге Иванов, во кое бара тој уште еднаш да ја разгледа одлуката за аболиција. 

– Демократска унија за интеграција, како потписничка на Скопскиот договор за излез од политичката криза ви се обраќа со барање да ја разгледате уште еднаш вашата одлука за Аболиција од 13 Април 2016 година и да искажете јасна политичка определба за повлекување или поништување на истата, стои во текстот. 

Наведената одлука, продолжуваат од ДУИ, директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 јуни 2015 како и Протоколот од 15 јули 2015 и затоа бараме да ја разгледате и во најкус можен рок да донесете политичка одлука за надминување на новонастаната ситуација, како и да се изнајде правен начин за да се реализира наведеното барање.

– ДУИ останува посветена на целосната имплементација на Скопскиот Договор и реформската агенда, се наведува во писмото испратено до претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби