ДУИ: Платите во образованието ќе се зголемат, образовниот процес да продолжи од понеделник

Од:

Демократската Унија за Интеграција во текот на овие години како дел од власта застана во поддршка на унапредувањето на положбата на просветните работници преку реализирање на континуирано зголемување на платите во образованието кои според статистичките пресметки од 2017 година до сега се зголемени за околу 21% велат во соопштение од партијата.

– Решени сме да ја следиме истата прогресивна политика во континуитет, затоа, следејќи ги последните околности со штрајкот на просветните работници, јасно го изразуваме ставот дека ќе има зголемување на платите во образованието и преку дијалог ќе го најдеме вистинското решение за тоа. Правото на штрајк е загарантирано со закон, но со оглед на големото значење на непреченото и квалитетно одвивање на воспитно-образовниот процес за иднината на децата, Демократската Унија за Интеграција апелира на конструктивност од страна на СОНК за прекин на штрајкот, продолжување на наставата низ училиштата во земјава почнувајќи од Понеделник и потоа интензивно продолжување на дијалогот преку кој несомнено дека ќе се најде вистинското решение велат од ДУИ.

Секое натамошно пролонгирање на нормалниот тек на наставата сметаа од партијата оди на штета на учениците и нивната иднина на патот на знаењето, се загрозува државната матура и полагањето на стручниот испит за петстотини наставници.

– ДУИ изразува загриженост за обидите за злоупотреба на протестот од страна на опозициските политички партии и неодговорното поттикнување на кризата која ја чувствуваат сите граѓани. Како политички субјект дел од Владата, ДУИ гарантира максимална посветеност за понатамошно спроведување на политиките за подобрување на економскиот стандард на сите граѓани со ист пристап како што беа зголемени минималната и просечната плата порачуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

Детектор за лаги треба под итно да се инсталира во штабот на ДУИ во Мала Речица, велат од Влен

Горан Наумовски

ДУИ за 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините, велат од Влен

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ ја експлоатира темата за да собира клиентелистички гласови, лежејќи ги своите гласачи дека ќе правеле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ