ДУИ: Партијата Алијанса за Албанците им посакува на граѓаните да се заразат од коронавирус

Од:

Од партијата ДУИ во соопштението за медиумите остро ги осудија како што велат „ѓаволските и смртните клетви“ од страна на Алијанса за Албанците и нивниот лидер, Африм Гаши.

Според ДУИ, членовите на партијата АА ги проколнуваат граѓаните со желбата да се заразат со смртоносниот вирус.

„Додека ние во ДУИ се обидуваме да ги почитуваме упатствата на Светската Здравствена Организација како и на Министерството за здравство преку прилагодување на нашата кампања и преку подготовка и распределување на секојдневни здравствени совети за граѓаните, партијата АА им посакува на граѓаните да се заразат со овој смртоносен вирус. Ова проколнување е потценување и потсмевање со илјадниците жртви од овој вирус. Додека целиот свет се бори да се спасат човечки живот, партијата АА посакува заразување и смрт на сите тие граѓани што не гласаат за оваа партија“, велат од ДУИ.

За жалење се агендите на коалицијата Гаши-Села против исламскиот превез, против администраторите и за заразување на граѓаните со смртоносниот вирус. Оставка сега и веднаш! Граѓаните очекуваат и бараат одговорност. Ова е неприфатливо“, стои во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански