ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

Од:

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција за референдумот на 30 септември одржа состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 – те шефови на општинските штабови на ограноците на таа партија.

Шефот на Централниот штаб, Атила Рецепи, како што информираат од ДИУ, го утврдил основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им доделил одлуки на избраните шефови на општинските штабови посакувајќи им успешна работа.

На состанокот била усвоена и агендата на средбите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од структурите, а била споделена и политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција оценил дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, а собирите со граѓаните партијата ќе ги почне утре во Тетово, а ќе ги заврши во Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански