ДУИ: Охридскиот договор му го предадоа на путинистот Иван Стоилковиќ

Од:

Прво ветија дека веднаш по конституирањето на Собранието, пред формирањето на Владата, ќе бидат усвоени уставните измени за продолжување на европскиот пат. Излажаа!, се вели во соопштението од ДУИ.

„Потоа ветија дека во првите 100 дена на Владата ќе го сменат Уставот. Повторно излажаа! Подоцна ветија дека во рок од три месеци ќе го исполнат тоа ветување. Пак излажаа! Тримесечниот рок го продолжија и ветија дека во првото полугодие на Владата ќе го сменат Уставот. Излажаа како и секогаш! За време на сите овие ветувања повторуваа дека ако не го сменат Уставот, ќе ја напуштат Владата. И тука излажаа! Наместо Европска Унија, ВРЕДИ донесе „Српски Свет“ заедно со Додик, Вучиќ, Русија и Кина на врвот на државата. Секојдневни скандали, невидена неспособност, сервилност и вазалство со незамисливи размери, понижување, презир, неуспеси и една голема НУЛА – тоа се карактеристиките на ВРЕДИ. Но ни тоа не е доволно за тие да ја исправат кичмата и да си заминат од срамот што ги зафати.

Потсетуваме за да не се заборави никогаш:
• Ветија 2.500 вработувања, граѓаните завршија со нула.
• Ветија 10.000 евра за секој граѓанин, граѓаните завршија со нула.
• Ветија Академија на албанските науки, го донесоа Додик.
• Ветија албанска банка, ја донесоа српската банка.
• Ветија уставни измени и европска интеграција, донесоа српски свет.
• Ветија национални програми, го донесоа српскиот МТЕЛ.
• Охридскиот договор му го предадоа на путинистот Иван Стоилковиќ.

ВРЕДИ е докажан насекаде како голема политичка измама и национален срам што скапо ги чини Албанците: од горд и на врвот на државата – до понижен, презрен и исклучен народ.

Граѓаните го очекуваат октомври! Октомври е народен референдум за достојно, чесно и резултатно претставување – а не за лаги, манипулации, скандали и корупција, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Влен: Две децени лаги, доста е

Горан Наумовски

ДУИ: Членови, активисти и цели структури си заминуваат oд Вреди

Влен: Завршија лагите на ДУИ, ерата на вистинската албанска култура започна

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски