ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Од:

Демократската унија за интеграција смета дека губитниците на претседателските и парламентарните избори од Влен секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во Европската Унија и ја приближуваат државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија.

„Одлуката на Европската Унија да ја одвои Албанија од Северна Македонија во нашиот европски пат е најголемиот неуспех за владата со моноетнички легитимитет.
Ги потсетуваме граѓаните дека албанските партии кои ги загубија изборите потпишаа предизборна декларација и ветија дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата.

Ветија и дека за три до шест месеци ќе го сменат уставот, во спротивно ќе излезат од владата. Но, повторно ги излажаа и ги измамија граѓаните. За само 100 дена ја оддалечија земјата од Европа, предизвикаа непријателства со Грција, Бугарија, Косово и Албанија, а притоа ја доближија до Србија, Унгарија, Русија и Кина. ДУИ останува цврсто определени да продолжи да биде гардиан на нашето евро-американско партнерство и по ниедна цена нема да дозволи промена на западниот курс на државата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите