ДУИ: Одбивањето на зголемувањето на платата на наставниците за 2.500 денари е политичка агенда против учениците и родителите

Од:

Демократската Унија за Интеграција оценува дека Владата со години покажува голема грижа кон образованието, како многу важен сектор во нашето општество.

„Одбивањето на зголемувањето за 2.500 денари или 10% на платите од страна на обединетиот Синдикат за образование, наука и култура како и методологијата за постепено зголемување и трајно решавање на социјалниот статус на образовниот кадар е политичка агенда против учениците и родителите.

Демократската Унија за Интеграција смета дека со одбивањето на понудата дадена од страна на Владата, СОНК ги става личните интереси над интересите на учениците, додека штетата оди на сметка на наставниците и учениците токму во пресрет на завршувањето на наставниот процес, бидејќи правото на образование на секое дете е загарантирано и со Уставот“, соопштува ДУИ.

„Нетолерантно е да не се одржува настава во услови како овие денешните кога цел свет се соочува со пандемијата, економската и енергетската криза, додека Владата и Министерството за Образование и Наука прават максимални напори за нормализирање на образовниот процес.

Демократската Унија за Интеграција во оваа прилика ги повикува сите наставници и ученици да се вратат во училишните клупи, да продолжат со наставата и воедно апелираме до СОНК да продолжат со дијалогот додека не се најде решение и да не се дозволи бојкотот на наставата да влијае на образовниот процес“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните