ДУИ: Обезбедивме европска иднина за сите граѓани

Од:

По 17 години чекање, Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија со што се отвораат нови перспективи за земјата и граѓаните. Полека, но сигурно влегуваме во европското семејство. Демократската унија за интеграција во оваа прилика на сите граѓани им го честита овој голем ден за почеток на преговорите за членство во Европската Унија велат од партијата.

– Ги крунисавме со успех сите напори за одржување на личен пристап како прогресивна сила заедно со сите политички чинители во државата. Демократската унија за интеграција цени дека ова се моменти на гордост бидејќи успеавме да обезбедиме нова, безбедна перспектива и европска иднина за сите граѓани на државата. Како историски ден, стануваме дел од успехот кој започна пред многу години, соочени со многу предизвици со кои се соочивме и на крајот излеговме како победници. Демократската унија за интеграција, во оваа прилика, изразува благодарност до сите кои придонесоа за овој процес, нашите меѓународни пријатели, особено Соединетите Американски Држави и земјите од Европската Унија, бидејќи само со нивна помош беше можно Република Северна Македонија да го започне процесот за пристапување кон Европската Унија се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он