ДУИ: Немало средба Ахмети – Тачи

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва демантира дека имало средба меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Во соопштението од ДУИ се демантираат вестите објавени во некои портали на албански јазик дека претседателот на партијата Ахмети имал средба со Тачи. Од ДУИ наведуваат дека медиумите што ја објавиле веста претходно требало да побараат став од кабинетот на Ахмети.

ДУИ бара од медиумите да ја повлечат, како што стои, лажната вест во корист на правилно информирање.

Дел од медиумите на лабански јазик објавија дека лидерите на ДУИ и на ДПА договориле соработка за вториот круг од локалните избори во некои општини.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански