ДУИ нема да учествува на изборите

Од:

ДУИ нема да учествува на изборите на 5 јуни. Партија нема да поднесе кандидатски листи во рокот предвиден од Државната изборна комисија, кој истекува ноќеска на полноќ.

Партискиот портпарол Бујар Османи денеска само кусо одговара дека листи нема да поднесат без да даде повеќе детали околу натамошното дејствување на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален став. Неофицијални партиски извори велат дека сите опции се отворени, па пред полноќ не треба да се избрзува со прогнози.

Ставот на СДСМ е дека нема да учествува на изборите и нема да поднесе кандидатски листи. И партискиот шеф Заев денеска е во посета на Хрватска. Вчера, тој своето неучество на изборите го оправда со изјава дека не се појавува пред граѓаните бидејќи ќе победи, а победата нема да му биде признаена.

Засега потврдено е дека листи нема да поднесе ниту ДПА.

До овој момент, листи најави единствено партијата НДМ на Јанко Бачев. Според соопштението испратено од Народното движење, тие денеска ќе ги поднесат листите и ќе учествуваат на изборите.
До овој момент нема најава од други партии дека ќе учествуваат на изборите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче