ДУИ: Недозволиво е однесувањето на шефот на обезбедувањето на Африм Гаши

Од:

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува транспарентноста на Претседателството на Република Косово во врска со скандалозниот дипломатски инцидент против претседателката, г-ѓа Вјоса Османи. Вчерашното соопштение на косовското претседателство ги откри сите инфантилни лаги на бакнувачките вазали и слуги од Влен за да се замолчи и минимизира најголемиот дипломатски скандал во историјата на земјата, велат од ДУИ.

– Сите експоненти на Влен имаа различно оправдување меѓусебно, а сите беа демантирани од Претседателството на Косово, од МВР и од концесионерот ТАВ. Овој скандал мора да се расчисти до крај и веднаш да сносат политичка одговорност нелегитимните узурпатори на институциите, Астрит Исени од МВР и Африм Гаши од Собранието. Дивото и недозволиво однесување на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието по налог на Африм Гаши, како и институционалното незнаење на Астри Исен, која не ни знаела за скандалот е неприфатливо. Албанците не се ниту заштитени, ниту застапени во моноетничката власт. Губитниците на претседателските и парламентарните избори се целосно потчинети и сервилни. Понижување и срам на Албанците од некои вазали и миленици на ВМРО, а не на народот, нема да се дозволи, се вели во соопстението од партијата.

Би можело да ве интересира

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите