ДУИ не сака „метла“, инсистира на тест за дрога и корупција

Од:

Попладне во Владата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Премиерот Зоран Заев ќе имаат средба на која треба да се договорат за смена на нефункционалните кадровски решенија на коалицискиот партнер. Но, како што брифираат извори од ДУИ, партијата е на став да не се врши промена на кадрите, туку да се спроведе т.н „ветинг“, што минатата недела го најави пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Во пракса, тоа би значело првично, партијата да направи проверка на функционерите во своите редови дали имале криминални дејства или пак се пример за неморално однесување, па доколку има, тогаш избраниот функционер треба ја напушти позицијата.

„Ние не ја прифаќаме „метлата“ ниту како терминологија, ниту како алатка за смена на кадри. Имаме добара иницијатива и се надевам дека ќе ја прифатат и другите политички партии“, кратко брифираат од ДУИ.

Дали Премиерот Заев и Ахмети ќе најдат компромис, околу двата различни начини на кои ќе се врши и дали воопшто ќе има отстранување на кадри од ДУИ ќе се знае по средбата. Инаку во јавноста, најмногу споменувани имиња за „метлата“ во ДУИ, беше министерот за животна средина Садула Дураку, Хазби Лика вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор и Крешник Бектеши од економија за непотизам при вработување на неговата сестра. Претходно, министерот за култура Асаф Адеми, сам си даде оставка, а беше прозван истотака за непотизам и скандалозното расределување на парите за проекти финсирани од буџетот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски