ВИДЕО: ДУИ не донесе одлука, Груевски ќе го врати мандатот

Од:

ДУИ започна сеопфатен процес на консултации со членството но и со наши пријатели од партијата и меѓународната заедница за петте предлози на Али Ахмети како можни после изборите.

Дебатата беше конструктивна за да се донесе најздравата одлука. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може да биде исцрпена денеска и немаме аргументи да се определиме за било која од петте опции, наредните денови ќе продолжиме, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи половина час пред истекот на рокот за составување влада.

ДУИ денеска не донесе одлука по однос на било која од петте опции. Ова се разговорикои траат повеќе недели, битно е дека денеска немаше доволно аргументи за било која од овие опции. Ахмети имаше можност сам да ја донесе одлуката, но тој сакаше сите да го кажат својот став, рече Османи.

Ова значи дека мандатарот Никола Груевски кој имаше рок до недела на полноќ да поднесе предлог за состав на влада, ќе мора да го врати мандатот кај претседателот Ѓорге Иванов, а тој да го даде на тој што има мнозинство во Собранието.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик