ДУИ, ДПА но и PYKA на прославата на Денот на независноста на САД

Од:

На прославата на 4 Јули, Денот на независноста на САД, покрај претставниците на институциите, беа поканети и новинари, и лидери и членови на политички партии и здруженија.

На прославата, беше и дел од раководството на новато албанско движење PYKA или на македонски, „Клин“.

Од извори блиски на амбасадата на САД, А1 дознава дека поканите биле пратени мината недела и дека САД на ова политичко граѓанско движење, пристапиле со интерес и внимание како организација која ќе допринесе за демократизацијата на граѓанското општество.

На движењето, дознаваме, ќе гледаат со интерес , како и кон веќе постојните албански партии и здруженија.

На прославата освен дел од основачите на ова здружение присуствуваше и председателот на ДПА, Мендух Тачи и дел од функционерите на ДУИ.

Дел од присутните функционери на ДУИ беа видно изненадени од присуството на дел од оснивачите на PYKA.

Како што веќе објави А1, според информации на основачите, имале силен притисок од владеачките структури, посебно од ДУИ, да не пристапат и да не го формираат здружението.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска