ДУИ: Најстрого да биде казнет виновникот за дипломатскиот инцидент со Вјоса Османи

Од:

Демократската унија за интеграција најостро го осудува скандалозниот дипломатски инцидент на скопскиот аеродром против претседателката на Република Косово, Вјоса Османи. Ваквиот однос на државата кон секој граѓанин, а особено кон највисоките претставници на државата, а во овој случај нашите сестри и браќа од Косово, е неприфатлив и мора да биде најстрого казнет, велат од ДУИ.

„Скандалозна е и инволвираноста на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието Африм Гаши во инцидентот, и продлабочувањето на истиот, без никаква надлежност, без да биде повикан и без право, а тоа гласно говори за мизерната и вазална позиција на нелегитимната албанска застапеност во моноетничката влада.

Поразените на претседателските и парламентарните избори ја прифатија улогата на потчинети и сервилни, само за самите да бидат на власт, оставајќи ја судбината на Албанците во земјава и во регионот на милост и немилост на ВМРО ДПМНЕ. Недостигот на легитимитет, но и на знаење и храброст, ве тера да се срамите пред своите граѓаните и пред вашите браќа и сестри во Косово и Албанија, но и пред Вашингтон и Брисел. Негирањето на инцидентот од страна на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, незаконската и анархична вмешаност на личното обезбедување на Гаши што предизвика уште поголем инцидент, не смеат да поминат без политичка одговорност заедно со законската одговорност на сите инволвирани во овој дипломатски скандал“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

Арсовски: Движењето ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за спикерот Гаши

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против Гаши

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши