ДУИ: Најостро го осудуваме нападот врз градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

Од:

Демократската унија за интеграција најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.

Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава.

Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија.
ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до надлежните органи веднаш да реагираат, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно законот.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го брани уставниот поредок, интегритетот на институциите и демократската соживот во земјата, наведуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата