ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Од:

Демократската унија за интеграција го осудува вознемирувачкото продолжување на менталитетот за партизирање на независните институции од страна на коалициските партнери во власта без етнички легитимитет, велат од партијата.

– Кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за медиуми Нафије Селмани и Афрона Верзиволи на вчерашната расправа во собраниската комисија за избори и именувања ги излажаа пратениците, граѓаните и медиумите.

Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се членови на политичките партии во коалицијата Влен, беа кандидати за пратеници, општински советници, учествуваа на состаноци на партиски тела и беа предложени за функции од истите партии.

Срамно е, бескрупулозно, да се лаже целата јавност без око да им трепне.

Со каков кредибилитет ќе ги извршувате своите должности кога универзално лажете и го прекршувате законот за време на вашиот избор?

Партизацијата на советот на обвинители од Вреди продолжува и во агенцијата за медиуми.

Пратениците се пред тест, дали регулаторните и независните државни органи ќе бидат партизирани или ќе го штитат кредибилитетот на институциите и на собранието со спроведување на законот, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита