ДУИ на средби со граѓани во Дебреште и пензионери во Чаир

Од:

Демократската унија за интеграција денешните изборни активности ги почна во Дебреште во општина Гостивар каде се обрати лидерот на партијата и носител во Шестата изборна единица Али Ахмети.

Тој пред жителите на Дебреште истакна дека ДУИ не сака да води еуфорична политика, туку да остане рационална бидејќи, како што рече, пред нив се поставуваат должности со голема одговорност.

– ДУИ има подготвени кадри во сите област. Заштитник на каузата на Албанците е ДУИ, субјект кој извира од обединувањето на сите родољубиви и воени сили од последните децении, посочи Ахмети.

Шефот на Централниот изборен штаб, Беким Незири рече дека малите опозициски партии имаат една цел, а тоа е рушење на ДУИ. – Политиките на Али Ахмети, се единствени визионерски политики. ДУИ е единствениот политички субјект со јасна национална визија. Обидите за раздор на албанскиот глас, треба да внимаваме во чиј прилог одат, рече Незири.

Лидерот на партијата имаше и средба со пензионери и аџии од општина Чаир пред кои нагласи дека ДУИ има платформа со конкретни проекти. Ахмети посочи дека и досега се реализирани многу проекти, но оти и во иднина ќе се реализираат многу проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните.

– Досега се направени дела кои остануваат богатство и благо за сите Албанци, како универзитети, болници, инфраструктура, училишта, споменици… Така и ќе продолжиме. Ќе продолжиме со реализација на многу проекти, рече Ахмети.

Демократската унија за интеграција вечерва ќе ја продолжи изборната кампања во Куманово каде ќе се одржи централниот собир во Домот на културата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски