ДУИ на парламентарните избори со 98 отсто нови кандидати од кои 49 отсто се жени

Од:

Од партијата ДУИ најавија дека на престојните парламентарни избори, партијата ќе биде претставена со 98 отсто од кандидатите кои ќе бидат млади, а 49 отсто од нив се жени.
„Ваквото храбро реформирање на партијата уверува дека ДУИ е истовремено партија со големо искуство и со исклучителна динамика. Докажува дека ДУИ е силна партија бидејќи ДУИ е партија на граѓаните каде што сите се подготвени да се ангажираат и да го дадат нивниот придонес со нивното професионално искуство за заедничкиот интерес на државата и особено на Албанците во земјава. Сите ние, заедно, стоиме тука пред вас во име и на другите кандидати од ДУИ и сме горди и благодарни што сме избани за да ги застапиме граѓаните. Ние сме горди и мотивирани да го продолжиме градењето кое е почнато минатите години како што е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, договорот со Бугарија, и Договорот од Преспа, кои ја отоворија вратата кон НАТО и ЕУ, но и реформите кои се донесени“, велат во соопштението од партијата.

ДУИ најави дека ќе продолжи со напорите за рамноправност и ќе работат со посебен фокус на создавање на работни места за сите, подобри плати и квалитетен живот за сите граѓани со евроатлантска интеграција.

Исто така, од партијата истакнаа дека 100 отсто го спровеле процесот на партискиот ветинг.

„100% со ветинг, 98% со нови лица, 49% жени во нашите листи не се само бројни, туку се монументални достигнување во политичката сцена во земјата и ветување и гаранција за сигурна иднина. ДУИ е единствената партија во ова трка која ја има демострирано и спроведено ова храброст. Затоа што ние знаеме дека на партијата и треба освежување. Родово, возрасно и освежување во сите форми. Со овие начела, ДУИ ќе продолжи да биде гарант на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, гарант на сите права на Албанците и придонесувач во развојот, квалитетот на живот како и нашиот евроатлански пат, како членка на НАТО и Европската Унија“, додаваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата