ДУИ на изборите со слоганот „Заедно одлучуваме!“

Од:

„Заедно одлучуваме!„, е слоганот под кој ќе настапи Демократската унија за интеграција(ДУИ) на претстојните парламентарни изборите на 11 декември.

Преку слоганот ДУИ порачува дека ќе биде силен и сериозен претставник на Албанците, за кои, наведуваат од партијата, „после многу достигнувања, дошло време за да бидат целосно рамноправни во економскиот напрадок на земјата“.

Со ветувањата во изборната платформа ДУИ ќе излезе пред граѓаните, за, според партијата, „да го потврди уште еднаш поставениот пат кон напредок на албанското прашање и консолидација на демократијата во Македонија“.

Според лидерот на ДУИ Али Ахмети, изборите ќе поминаат во демократска атмосфера, а граѓаните ќе бидаат потполно слободни во гласањето.

– ДУИ повикува и ја поддржува работата на меѓународните наблудувачи бидејќи овие избори се најбитните во генерации и дека тие треба да се легитимни. Ние ќе соработуваме со нив и им се заблагодаруваме за нивната работа со многу значење. Во овие избори, ние сме убедени дека Албанците ќе покажат дека се клучни во унапредување на земјата, рече Ахмети.

Беким Незири, шеф на Изборниот штаб, најавува дека ДУИ ќе има позитивна кампања со презентација на реализираните и идни проекти.

Изборниот штаб на ДУИ веќе мобилизирал повеќе од 15.000 активисти во сите средини во рамки на Централниот изборен штаб и општинските штабови.

Според одлуката на Изборниот штаб, партијата ќе ја објави изборната програма на 13 месецов, а на 20-ти ќе одржи Конвенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик