ДУИ: Моноетничката влада по налог на Вучиќ апси поранешни војници на ОВК

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабоко разочарување од крајно тенденциозната и повторена акција на институциите во земјата кон поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по наредба на српската влада и е уапсен во Скопје, велат од ДУИ.

„Губитниците на изборите, рако-бакнувачите вазали во моноетничката власт, кои го немаат легитимитетот на албанските гласачи, но се претпочитани на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, мамејќи го народот со што го мерките за безбедност се сменети, додека вчера полицијата повторно одлучила да го приведе и да го испрати во активен притвор.

Албанците се сирачиња и понижени со овие неспособни вазали без никаков национален и институционален капацитет. Секојдневното понижување се продлабочува и не поминува ниту еден ден без огромен скандал. За само 50 дена владеење без легитимитет, ВазаЛЕНИ ги поништи сите национални достигнувања и сега ги понижува и поранешните војници на ОВК со директни наредби од Вучиќ и Србија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче