ДУИ: Медиумските извештаи загрижуваат – Општина Чаир плаќа 60,25 денари за 250 мл вода за пиење

Од:

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопштуваат дека со загриженост ги следат медиумските извештаи во врска со сомнителните јавни набавки во Општина Чаир, каде што, според објавените информации, цената на набавката на вода за пиење достигнува неверојатни 60,25 денари за 250 мл.

„Оваа вест предизвика оправдани реакции во јавноста и ја отвори потребата за целосна транспарентност во трошењето на јавните пари. ДУИ бара од општинските власти јасно и недвосмислено да го појаснат овој случај, да ги објават сите релевантни податоци и да ги отфрлат сите сомнежи за можни злоупотреби“ велат од ДУИ.

Подвлекуваат дека „Во контекст на веќе долгогодишните проблеми со урбаната мафија и хаосот што ја задушува Општина Чаир, секој сомнеж за неправилности во трошењето на јавните средства дополнително ја влошува довербата на граѓаните кон институциите“.

„ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност и одговорност и ќе продолжи да инсистира на јасни одговори и соодветни мерки за заштита на интересите на граѓаните“ е ставот на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис