ДУИ: Македонските партии ќе треба да го прифатат барањето за премиер Албанец оти ќе немаат мнозинство

Од:

Со еден силен и унифициран aлбански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение.

Според ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против тоа Албанците да биле на врвот на власта, но ако заедницата се обедини, нема да можат да ги спречат.

„’Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи’ – е тоа што денеска го изјави претседателот на ВМРО Мицкоски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за Премиер Албанец, истакнувајќи ‘Ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ
нема да биде дел од идната влада’“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата