ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ја осудува одлуката на Владата за земање кредит од 40 милиони евра за изградба и реновирање на училишта и ученички домови, кој на намерен и неприфатлив начин е насочен речиси целосно се исклучени градовите и населените места со албанско население, велат во партијата.

– Инвестициите во образованието се добредојдени и неопходни, но тие мора да бидат правични, инклузивни и балансирани, одразувајќи ја мултиетничката реалност на државата и реалните потреби на сите граѓани. Исклучувањето на училиштата и домовите со ученици Албанци од капиталните проекти во образованието претставува институционална дискриминација и повреда на принципот на еднаквост.

Оваа одлука не е ниту случајност ниту техничка грешка – туку чиста дискриминаторска политика, чија цел е исклучување на општините со албанско население од капиталните инвестиции и враќање на старите практики на етничка поделба на државниот буџет.

Владата зема кредит во име на сите граѓани, вклучително и Албанците, но инвестициите ги насочува само кон една заедница. Ова е неправда и директно кршење на уставните принципи на еднаквост и соживот.

ДУИ бара:
– итно објавување на листата на проекти корисници,
– појаснување на критериумите за распределба на средствата.

Доколку оваа неправда продолжи, Владата ќе сноси целосна политичка и морална одговорност за продлабочување на поделбите во државата.

ДУИ нема да молчи пред институционалната дискриминација и ќе се спротивстави на секоја политика што има за цел маргинализација на Албанците во Република Северна Македонија. порачуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис