ДУИ: Коридорот 8 е наше дело

Од:

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како што е Коридорот 8, исклучителен проект со национални и меѓународни димензии, кој претставува стратешки интерес за Република Северна Македонија, евроатлантското сојузништво и мрежата на трансевропски коридори на НАТО.

„Сепак, не можеме а да не ја потенцираме иронијата: токму тие што некогаш го саботираа, блокираа и стигматизираа овој проект, денес се обидуваат да ги присвојат заслугите за иницијатива која стана реалност благодарение на политичката волја, институционалната посветеност и стратешката визија на ДУИ и нејзиниот лидер г. Али Ахмети.

Граѓаните не забораваат дека Коридорот 8 е резултат на силна политичка битка, во која ДУИ секогаш беше на страната на развојот и интеграцијата. Оние што денес го нарекуваат „историски проект“, се истите што порано го нарекоа „проект со епски криминал“, го отфрлаа со жестина и го попречуваа со сите средства. Една од првите одлуки на оваа влада – без етнички легитимитет – беше токму укинувањето на изградбата на тунелот меѓу Гостивар и Кичево, а потоа и блокирањето на теренските работи со месеци.

Денес, кога резултатите од заложбите на Демократската Унија за Интеграција се видливи, кога работите се во фаза на неповратна реализација, ги гледаме истите тие што вчера се потсмеваа со проектот, како денес патетично зборуваат за неговата важност. Вистината е дека овој проект го носи потписот на ДУИ – во визија, одлука и политичка инвестиција.

Коридорот 8 е проект на ДУИ. Тоа е инвестиција на ДУИ во европската иднина на оваа земја и составен дел од нашата визија за интеграција и рамномерен развој. Им посакуваме успех на сите институции и чинители вклучени во финализирањето на овој проект, затоа што за нас најважно е тој да се реализира – за граѓаните, за економскиот развој, за регионалното поврзување и за зајакнување на мултиетничката држава.

Едно е јасно, без посветеноста, храброста и решителноста на Демократската Унија за Интеграција, Коридорот 8 ќе останеше само идеја на хартија – како што беше цели 30 години, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

Детектор за лаги треба под итно да се инсталира во штабот на ДУИ во Мала Речица, велат од Влен

Горан Наумовски

ДУИ за 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините, велат од Влен

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Горан Наумовски