ДУИ: Кој се плаши од формирање на Анкетна комисија во Собранието?

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) прашува – кој се плаши од формирање на Aнкетна комисија во Собранието со учество на сите политички партии и меѓународно набљудување од ОБСЕ, САД и Европската Унија? Трагедијата во Кочани ја разоткри вистината за целосното заробување на државата, велат од ДУИ.

„Владата не само што не превенираше катастрофа која цела година била позната на надлежните институции, туку и го злоупотреби системот за да ги заштити одговорните. Прво со политички притисок врз обвинителството – преку заплашување на обвинителот со партиски активисти на улица, потоа со иницијатива за негова смена, за на крај да му биде ветено останување на функцијата доколку игра по диктираните правила.

Освен тоа, владата ги притисна медиумите, граѓанското општество и сите критички гласови, претворајќи ја државата во партиска алатка за амнестирање на виновниците. По трагедијата, наместо институционален одговор, сведочиме на селективна правда – обид да се префрли одговорноста на други, без истрага за оние кои навистина беа одговорни за превенција.

Две недели по трагедијата, Собранието не собра сила ниту да одржи комеморативна седница, бидејќи партиската контрола врз институциите е посилна од моралната и општествената одговорност. Затоа, ги повикуваме пратениците да ја послушаат сопствената совест, да размислат за семејствата на жртвите, за довербата во системот, и да го потпишат барањето на Европскиот фронт за формирање на анкетна комисија во Собранието. Селективната правда ќе биде извор на огромна недоверба и деформација на системот во иднина. ДУИ останува посветена на вистината, транспарентноста и правдата – и нема да дозволиме оваа трагедија да се затвори без целосна истрага со меѓународно набљудување, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата