ДУИ ќе предложи Советот да ги бира обвинителите со бадентерово мнозинство

Од:

ДУИ најави дека ќе достави амандмани на предлог- законот за обвинителство и законот за Совет на обвинители кои денеска влегоа во собраниска процедура. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби рече дека дел од амандманите се поврзани со употребата на албанскиот јазик, а дел се однесуваат на изборот на обвинители во Советот, да се спроведе со бадентерово мнозинство.

Според Груби законот за обвинителството е есенцијален закон што доаѓа во собраниска процедура во жалосни околности, единствено поради алчноста на одредени лица.

„И кај мене како и кај другите граѓани има чувство на огорченост и разочараност. Се наметнува повторно потребата од ветинг за судии, обвинители и сите јавни функционери. Се надевам ќе се донесе консензуално, со компромис меѓу партиите“, рече Груби.

Тој како претседател на Комисијата за европски прашања, која е матична за предлог законот за обвинителството, рече дека ќе се консултира со сите партии колку време им е потребно за да ги достават амандманите и потоа ќе закаже седница, најверојатно во текот на идната недела.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат