ДУИ ќе бара укинување на патните трошоци за пратениците за да не се цел на новинарите

Од:

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, на комисиската расправа за труд и социјална политика во Собранието најави амандман со кој ќе се бара укинување на сите патни трошоци за пратениците. Тој пред членовите на комисијата упати остри критики во однос на исплаќањето на овие трошоци за пратениците.

„На овој начин треба да ги испровоцираме и другите функционери, а со тоа, да не сме ние цел постојано. Еднаш да работимe за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас“, рече Адеми.

Џеват Адеми му реплицираше на Павле Богоевски велејќи му дека треба да се согласи со него, а, пак, ова решение за него е привремено.

На денешната комисиска расправа се аргументираше за законските измени кои ги предложи пратеничката група на СДСМ, кои бараа намалување на патните трошоци од 30% на 20% од потрошените средства за платено гориво.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата