ДУИ: Ја внесовме државата во НАТО и изградивме функционална мултиетничка демократија

Од:

Последната изјава на премиерот Мицкоски, во која тврди дека ДУИ не се грижи за Законот за јазици и за албанските прашања, туку само за заштита од наводни криминали, претставува уште едно допрено дно на еден премиер кој ја труе и поларизира етничката и политичката сцена до точка на нефункционалност на државата. Иронијата е што овие обвинувања доаѓаат од партијата која официјално поднесе жалба до Уставниот суд за укинување на Законот за употреба на јазиците. Партијата што се противи на меѓународен ветинг за политичките лидери и функционерите, велат од ДУИ.

„Партијата што е заробена од олигарсите на криминалната приватизација и на секој можен начин ја блокира ревизијата на овој процес. Партијата што го заробува правосудниот систем и независните институции, укинувајќи ја правната држава и механизмите на Охридскиот договор.

ДУИ е партијата што интегрираше целосно маргинализиран народ, што ја внесе државата во НАТО и што изгради функционална мултиетничка демократија. И токму ова ги плаши овие политичари – една мултиетничка, европска демократија. Тие сакаат недостаток на европски надзор, сакаат национализам и етничка омраза да доминираат во јавниот дискурс – како совршена средина за заробување на државата и злоупотреба на народните пари. ДУИ нема да дозволи европската иднина на државата да биде жртва на мрачни интереси и политички манипулации од оние што сакаат да ја вратат земјата во времињата на поделби и несигурност, истакнуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта