ДУИ ја претстави нацрт-програмата за локалните избори во Гостивар

Од:

Демократската унија за интеграција синоќа во седиштето на гостиварскиот огранок ги претстави предизборната програма и кандидатот за градоначалник на претстојните локални избори, кои се закажани за 15 октомври.

На прес конференцијата, кандидатот за уште еден мандат Невзат Бејта ги истакна главните проекти што треба да се реализираат во наредните четири години, но, како што рече, тој список не е конечен и ќе биде дополнет со нови предлози од граѓаните.

– Имам голема чест повторно да вчезам во трка за да го изградиме Гостивар на утрешнината. Кампањата сé уште не започна, но ние ја претставуваме оваа нацрт-програма, која ќе ја дополнуваме наредниве денови со предлози на граѓаните, рече Бејта, притоа набројувајќи дел од покрупните проекти.

ДУИ за општина Гостивар во наредните четири години најавува изградба на нов плоштад во центарот, нов мост на Вардар, отворање слободни економски зони надвор од населени места, јавен превоз на територијата на општината, систем за енергетска ефикасност во средните училишта. Во делот на културно-образовните проекти, најавени беа отворање на градски музеј, уметничка галерија и дигитализирани читални. Во делот на заштита на животната средина, Бејта најави директно вклучување во измена на законот за управување со комуналниот отпад во насока на трајно решавање на проблемите кои настанаа со депонијата Русино и поставување подземни контејнери.

Шефот на изборниот штаб, Башким Хасани во обраќањето потсети на сработеното во програмата од 2013 година, која, како што рече, била победничка и ја добила поддршката на граѓаните.

– Тоа што пред четири години беше ветено, е реализирано, а во голема мерка и е надминато. Убедени сме дека и оваа програма која ја претставивме ќе биде исполнета, затоа што имаме знаење, искуство и веќе докажан кандидат, рече Хасани.

На прес-конференцијата присуствуваа и стотина членови на ДУИ и нивни симпатизери.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите