ДУИ ја поздрави одлуката на ЈО за случајот „Монструм“

Од:

Пратеникот на ДУИ во Собранието на РМ Артан Груби денеска ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство за укинување на судската постапка во случајот „Монструм“.

-Со разрешувањето на Јавниот обвинител Марко Зврлевски владеењето на правото ја добива својата форма во Република Македонија. ДУИ ја поздравува вчерашната одлука на Јавното обвинителство за укинување на првостепената и на второстепената одлука на Основниот и на Апелациониот суд во случајот „Монструм“ и ова е единствената правична одлука што можеше да ја донесе Јавното обвинителство, истакна на прес-конференцијата во ДУИ, Груби

Порача дека тие го охрабруваат Врховниот суд да ја донесе одлуката за повторно судење на овој, како што го нарече, контекстиран судски спор.

– При таа одлука се надеваме дека истовремено Врховниот суд ќе донесе одлука за целосно ослободување на луѓето кои се во затвор за овој случај, рече Груби и додаде дека процесот на преиспитување на некои одлуки треба да продолжи и со случаите „Диво насеље“ и „Сопот“.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата