ДУИ ја обвинува БЕСА дека не го поддржува кичевскиот градоначалник

Од:

„По поттикнување на историската поделба на албанскиот глас на 11-ти декември и губењето на повеќе од девет албански пратеници,

По негласањето на првиот Претседател албанец на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери,

По поттикнување на насилство во Собранието преку погрешно пеење на националната химна за да ги провоцира македонските демонстранти,

По напуштање на Собранието на 27 април,

По негласањето за разрешување на државниот јавен обвинител. По, негласањето за ставање на дневен ред законот за јазиците,

По одбивањето да седнат и да се договорат со другите албански политички партии,

По одбивањето на заедничката декларација на албанските партии,

Денес, Движењето Беса и Билал Касами заедно со експонатите на оваа партија уште еднаш се стават во служба на анти-националните сили, работејќи против единствениот албански кандидат во Општина Кичево, г. Фатмир Дехари, неподдржувајќи го него.

Ние бараме албанците да се сооединат, да се поддржуваат еден со друг, да излезат уште посилни и пообединети со цел да станат поважни.

Ги повикуваме гласачите да не станат жртва на секакви тенденции за поделба и дефакторизација, туку да застанат по достоинсвените кандидати за Градоначалници на Општини кои ќе се стават во нивна слижба секој ден и за секоја потреба“, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански