ДУИ ја напушти Владата зошто во јавноста се појавиле снимки од прислушувани разговори

Од:

Откако вчера најави дека ќе ја напушти Владата, Демократската унија за интеграција во соопштение истакнува дека снимките кои деновиве се појавија на неколку канали на ЈуТјуб се пичина за оставките.

Партиски извори за А1он потврдија дека утрово биле депонирани неотповикливи оставки од сите функционери во Владата од партијата. ДУИ стои цврсто на ставот дека во нивната одлука нема никаков политички договор со ВМРО-ДПМНЕ и дека причините се единствено оние кои се наведени во соопштението.

Од партијата објаснуваат дека од почетокот на политичката криза во Македонија, тие одиграле конструктивна улога со цел да се врати стабилноста и безбедноста во државата.

„ДУИ, исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурни реформи што произлегоа од Договорот од Пржино и основањето на Специјалното обвинителство со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушуваните материјали“, стои во партиското соопштение.

ДУИ вели дека ваквиот чекор е резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби со што, според нив се попречуваат напорите на партијата за заеднички систем на контрола на ваквите дејствија.

„Затоа овој чекор е продолжување на нашите напори за демократија и систем на социјални и политички реформи. ДУИ ги осудува овие снимки и тврди дека се целосно невистинити, монтирани. Со тоа ги покануваме граѓаните да не станат жртва на криминалци“, се вели во соопштението.

Партијата преку соопштението до јавноста повторно побара институциите, особено МВР и Јавното обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси како што се вели во соопштението фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните разговори, а го повикуваат и Специјалното јавно обвинителство веднаш да се вклучи во истрагата на овој, според нив сериозен криминал, кој имал за цел да се загрозат јавни личности и да влијае на работата на оваа СЈО, која има правна одговорност кон прислушуваните разговори.

Од таму велат дека ДУИ не е причина за кризата, но е гласот на разумот и промотор на државата, а сега станала жртва на девалвација и процесот на компромис.

„Затоа, ДУИ одлучи да ги повлече своите актуелни членови на извршната власт и нема да толерира процесот на дегенерација, повреда на суверена пресуда, инсталација во андерграунд сцена, а исто така ги повикува граѓаните да не им веруваат на монтираните снимки чија цел е да му се наштети на процесот на реформи“, велат од Демократската унија за интеграција.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад