ДУИ изразува загриженост за вчерашните протести во Скопје

Од:

Демократската Унија за Интеграција изразува загриженост за вчерашните настани во Скопје за време на граѓанските протести против судската одлука на првостепениот суд во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, за кои шест лица беа осудени на доживотен затвор.

– Уште од трагичниот настан се до денес, ДУИ бара сторителите на кривичното дело да излезат пред правдата и вината да се докаже со факти и силни докази. ДУИ имаше чести средби со семејствата на осомничените и адвокатите на одбраната, вклучувајќи ја и последната која се одржа во четвртокот, 3 јули годинава, каде беше констатирано дека одлуката на првостепениот суд не е конечна и дека Апелациониот суд треба да ги има предвид општата загриженост која што се појави во текот на судењето во првиот степен, се вели во писмената реакција од ДУИ.

Оттаму апелираат до сите инволвирани страни максимално да се воздржат од насилство, бидејќи, како што посочуваат, вчерашните настани не помагаат ниту во процесот, ниту на осудените, ниту на семејствата, но ниту на оние кои се обидуваат да придонесат преку институционален пристап кон решавање на овој многу сложен случај. Сепак посочуваат дека го поддржуваат правото на мирни протести на граѓаните.

– Вчерашното насилство низ улиците на Скопје ни го попречува понатамошното ангажирање во насока на расветлување на вистината до завршувањето на сите правни процедури, вклучувајќи го Апелациониот суд,  Врховниот, но и Судот во Стразбур, потенцираат од ДУИ.

ДУИ бара од граѓаните, медиумите, граѓанското општество,  лидерите на јавното мнение, како и сите засегнати страни во врска со пресудата на првостепениот суд да го дадат својот конструктивен придонес во следните процеси за да се овозможи расветлување на вистината

Би можело да ве интересира

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично