ДУИ: Измамниците од ВЛЕН глумеа дека биле на инаугурација во САД

Од:

Во чин без преседан на манипулација и измама, претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е изградена врз лаги и манипулации. Нивните јавни изјави за некакви официјални покани за учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп претставуваат срамна измама и грд обид да се создаде илузија за меѓународна поддршка, велат од ДУИ.

„Наместо да ги претставуваат достоинствено интересите на граѓаните, тие се појавија шетајќи по улиците на Вашингтон, објавувајќи гротескни фотографии на социјалните мрежи пред плакатите на церемонијата и владините објекти. Оваа јавна фарса, платена со пари од даночните обврзници, е врв на манипулациите кои го карактеризираат овој политички субјект без визија, морал или одговорност кон граѓаните.

Со овој срамен потег, тие се понижија себе си, ги понижија Албанците, а го доведуваат во прашање и интегритетот на институциите кои ги предводат пред очите на светот. Покрај политичката манипулација, во овој случај се работи и за груба злоупотреба на јавни средства за скапи прошетки во чија основа се недолични политички цели.

Овие поединци секако не ја претставуваат волјата на народот, но овој пат го покажаа вистинското лице на нивната алчност, личните интереси и темните агенди. Бараме секој од овие поединци прво веднаш да ги објави средствата кои државата ги потрошила за оваа нивна екскурзија, а потоа обвинителството за борба против корупцијата да започне целосна и непристрасна истрага за овој скандал. Измамниците да ја прекинат злоупотребата веднаш и средствата да ги вратат во буџетот на државата“, бараат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Катерина Ѓуровски

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Понижувањето стана секојдневна реалност за Албанците, оваа моноетничка влада ја врати земјата со децении назад, велат од ДУИ

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Предраг Петровиќ